Ангелот на Victoria’s Secret и една од најубавите жени на светот, Адриана Лима (44), е ѕвезда на новата кампања на познатиот бренд за долна облека.
Но, во кампањата покрај Адриана се појавуваат и нејзините две ќерки тинејџерки, Валентина (16) и Сиена (13).

Ова е прва фотосесија што славната манекенка ја снима со децата и не крие дека е пресреќна, особено што кампањата е поврзана со Денот на мајката.
„Ова ми беше сон и сега сум вистински исполнета како мајка. Можноста да бидам покрај нив и тие со мене на фотосесија, беше навистина волшебно. Ова е посебен момент за мене и ден што никогаш нема да го заборавам“, рекла таа во интервју за People.

Лима работи за Victoria’s Secret од 1999 година, кога имала само 18 години, и многумина ја сметаат за една од најуспешните манекенки кои биле ангели на брендот.
Таа се повлече од работата со нив, но имаше спектакуларно враќање на нивна ревија пред неколку години.

Инаку, Адриана е мајка на 3 деца.
Таа ги има ќерките Валентина и Сиена од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ, како и синот Сијан (3) кој го роди во бракот со Андре Лемерс, со кого е мажена во моментов.
