Авионот на денешниот лет од Скопје за Париз прогласи вонредна состојба и итно беше пренасочен

by Тони Зографски

Авионот на „Wizz Air“ кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесува Flight RouteXplorer.

Станува збор за летот W64719, управуван од „Airbus A321neo“. Екипажот го прекинал летот и го пренасочил кон аеродромот во Брисел (Шарлроа), каде што авионот безбедно слетал околу 7:30 часот по универзално време, по приближно два часа и 15 минути во воздух..

Според првичните информации од авиокомпанијата и аеродромските служби:
За време на летот е забележан технички проблем на еден од системите на авионот, што предизвикало загриженост кај пилотите.
Поради безбедносни причини, пилотите одлучиле да го пренасочат летот кон поблискиот аеродром каде можат безбедно да ги спуштат патниците.

жАвионoт безбедно слета на одредена алтернативна дестинација (информациите за која ќе бидат потврдени подоцна од надлежните служби), при што нема повредени патници или членови на екипажот, сите патници биле евакуирани без инциденти, авионот е под детална техничка проверка од стручни тимови за да се одреди точниот проблем.

Сите патници останале под соодветна грижа на персоналот на авиокомпанијата, а следуваат информации за нивниот транзит до Париз.

Авиокомпанијата што оперираше на денешниот лет издаде соопштение во кое потврди дека прашањето е решено без опасност по животите на патниците и дека безбедноста е прв приоритет:
„Ги известуваме нашите патници дека поради безбедносен проблем, летот беше пренасочен, а сите патници безбедно слетаа и сега се во добра состојба. Правиме дополнителни проверки и ќе го информираме јавноста веднаш штом имаме повеќе детали.“

останати вести