Улица
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
  • Импресум
  • За порталот
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Временска прогноза

Улица

Banner
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
здравје

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Седата коса кај мажите

by Тони Зографски December 13, 2018December 19, 2018
December 13, 2018December 19, 2018
ВАША ОРДИНАЦИЈА: Седата коса кај мажите

Седата коса кај мажите во последно време се појавува и во помлади години што претставува знак за зрелост, но и стареење. На некои мажи тоа им пречи бидејќи изгледаат постари за годините. За сите дилеми и проблеми за белеењето на косата разговараме со трихолог д-р Елена Арсова, медицински директор во 101 Hair Clinic.

Докторке, која е причината за белеење на косата кај мажите?

-И покрај тоа што постојано има нови откритија кои подетално ги објаснуваат механизмите на појавата на бела коса, сепак многу прашања се неодговорени. Во основа се сведува на тоа дека клетките-меланоцити кои го создаваат пигментот на влакното почнуваат намалено да работат. Количината на пигмент која тие клетки ја инјектираат во влакното зависи од генетиката. Како што старееме, така стареат и сите клетки на нашето тело вклучително и меланоцитите. Последователно тие предаваат сè помалку пигмент-меланин на влакното. Влакното без пигмент всушност има жолта боја која доаѓа од протеинот од кој е изградено, но рефлексијата на светлината дава визуелно бела или сива боја на косата.

Која е возраста за појава на белите влакна?

-Постои расна разлика, но кај личностите од белата раса обично се појавуваат седи влакна во доцните 30-ти години.  До 50-тата речиси 50% од луѓето имаат седи влакна. Кај некои луѓе зависно од генетската предиспозиција почнува и порано, некаде во доцните 20-ти.

Дали тоа претставува проблем кај мажите, како влијае на нив?

-Секако дека е проблем и негативно се одразува на голем дел од мажите. Младите мажи седата коса ја доживуваат како знак на прерано стареење и тоа има влијание на нивната самодоверба. Нема маж кој на 25 години би прифатил да има седи влакна. Додека пак групата на возраст од околу 40 години нормално не се шокирани од појавата на седи влакна за да им делува на нивната перцепција за себе. Меѓутоа, добар дел од нив, кои се грижат за својот изглед и имиџ, сепак избираат да го зачуваат својот младешки изглед.

Кои се вашите искуства со мажи- пациенти кои имаат седа коса?

-Позитивни. Мажите во Македонија се грижат за својата коса и својот изглед. Голем број на мажи доаѓаат кај нас и настапуваат сигурно во тоа што го бараат, без предрасуди или сомнеж. Тие ги прифаќаат понудените опции за третман на седата коса без големо размислување. Мал процент се срамежливи и се плашат како ќе ги прифатат најблиските ако направат промена, дали ќе биде впечатливо. Но, и ние токму на тоа мислевме. Мажите не треба да експериментираат со бојата на косата како жените. За мажите избравме решение кое е дискретно и природно.

Како треба да се третира овој проблем?

-На седата коса не треба да се гледа како на проблем, а третманот треба да биде едноставен. Би ги предупредила читателите да бидат внимателни кон сите оние производи кои се продаваат како лек за седата коса. НЕ постои лек за седата коса, за жал. Иако нашето запазување е дека кога се стимулира растот на косата поради стимулација на сите клетки од коренот на валкното се зголемува и пигментацијата на косата. Сите други производи се базирани на тоа да го вратат пигментот на влакното, но не успеваат да го спречат побелувањето на косата. При бирање на производи од таков тип исто така советувам да се сврти вниманието кон некои штетни и канцерогени состојки кои може да бидат присутни кај одредени брендови, како што е олово ацетатот.

Какви чекори треба да преземат мажите со цел да го избегнат белеењето на косата?

-Не може да се избегне белеењето на косата, затоа што е однапред  генетски детерминирано . Но, можеме да помогнеме да не напредува толку брзо. Откажувањето од цигари е особено битно. Се докажа дека веројатноста за прерано појавување седа коса е за два пати поголема кај пушачи отколку кај непушачи. Добра исхрана со многу антиоксиданси, малку шеќери, добар сон исто така помага во спречување на стареењето на целото тело, па и косата.

1
FacebookTwitterGoogle +Pinterest

останати вести

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Скијачки прст е честа повреда во...

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Како високиот крвен притисок води до...

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Дерпамен-медицински естетски третман

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Инјекции за убавина на 30 години:...

Промена на бојата на забите (дисколорации)

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Што значи поимот “болни синуси”?

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Повеќе гени влијаат на опаѓањето на...

Еве како да го победите стресот

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Тестикуларен карцином

ВАША ОРДИНАЦИЈА: Што е Акутна бубрежна слабост?

Најнови

  • БУГАРИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина најстарата глумица во светот (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Државната видеолотарија во крводарителна акција засилена со неколку јавни личности (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Викенд хороскоп: За Рибите забава, за Лавот дружба со пријатели

    December 6, 2019
  • ВАША ОРДИНАЦИЈА : Hifu неинвазивен нехирушки лифтинг идеално решение за подмладена  и ревитализирана кожа

    December 6, 2019

најчитани

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018
  • 4

    На Маријана и беше роденден вчера, а на Росана денес

    December 14, 2018
  • 5

    Топено сирење со Баш Ајвар и фурнаринки

    October 4, 2018

категории

  • Uncategorized (43)
  • боја на мода (59)
  • вести (2,202)
    • економија (123)
    • политика (213)
    • свет (763)
    • хроника (898)
  • време (23)
  • здравје (254)
    • Елена (32)
    • Искра (4)
    • Оливер (9)
  • колумни (59)
  • миленици (18)
  • спорт (515)
  • сцена (3,590)
    • забава (2,861)
    • занимливости (259)
    • култура (40)
  • улична школа (97)
  • фитнес (14)
  • хороскоп (268)
  • храна (19)

За Улица.МК

 

Улица.мк е портал што третира теми за сите генерации. Улица е местото каде што се случуваат и се дознаваат сите битни работи во нашиот живот. Зачекорете на Улица.мк со нас.

Facebook Twitter Google + Instagram Pinterest Youtube Snapchat

Најчитани текстови

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018

Избор на уредникот

  • БУГАРИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина најстарата глумица во светот (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Државната видеолотарија во крводарителна акција засилена со неколку јавни личности (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Викенд хороскоп: За Рибите забава, за Лавот дружба со пријатели

    December 6, 2019

@2018 - Улица.мк. Сите права се задржани. Web by: Perfect