Момче и девојка снимале романтична фотографија, кога во кадарот им влегол- Лионел Меси (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Вирално видео од двојка која сакала да сними романтичен момент кружи на социјалните мрежи, но тие не очекуваа видеото да стане вирално поради фудбалската ѕвезда Лионел Меси, кој ноншалантно одеше зад нив.

Виралното видео прикажува момче кое ѝ подава букет цвеќе на својата девојка додека се подготвуваат за фотосесија. Но, токму кога позираа, Меси се појави во позадина.

Облечен во фармерки и дуксерка со качулка и опкружен со телохранители, Меси помина покрај нив, несвесен дека токму го претворил нивниот состанок во сеќавање за цел живот.

Штом видеото беше објавено онлајн, обожаватели од целиот свет го преплавија делот за коментари. „Веројатно би се онесвестил на лице место ако тоа ми се случи мене“, пишува во еден коментар.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com