На уличната трка Скопје трча 10 км, која се одржа на 07.10.2018, екипата на NRC – Nike+ Run Club оствари одлични резултати.
Учествуваа околу 1600 љубители на трчањето, а трката беше интернационална со посетители од повеќе од 20 земји. Во тим билдинг натпреварувањето, го освоивме првото место и кај жените (Бојана Наумовска, Билјана Андреева, Искра Станчева Гигов, Емилија Саздова Руменова) и кај мажите (Кокан Ајановски, Јордан Атанасовски, Бобан Нефовски, Кристијан Наумовски).
Имавме најбрза женска штафета (2 x 5 km, Теодора Периќ и Миа Стевковска) и најбрза мешана штафета исто така (Јелена Доневиќ и Бобан Попоски)!
Поединечно најбрза кај жените беше Бојана Наумовска која заврши на четврто место и Кокан Ајановски, кој беше исто така четврто пласиран (трет од македонските натпреварувачи).
Одлични резултати имавме и во возрасните категории ( Билјана Андреева – 3 место, 35+, Кокан Ајановски 2 место 35+, Тони Цветковски 2 место 45+, Спасе Јовевски 3 место 55+).
Кокан Ајановски