Улица
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
  • Импресум
  • За порталот
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Временска прогноза

Улица

Banner
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
колумни

Неродените трети деца на Македонија

by Тони Зографски November 9, 2018November 9, 2018
November 9, 2018November 9, 2018
Неродените трети деца на Македонија

Дека илјада евра не се мали пари знаеме сите, а знаеме и дека со цирка илјада евра може да се помине еден пристоен одмор од седум дена во Грција или да се отиде на три ол-инклузив викенди во Банско, а башка може да се испланира и еден романтичен викенд во Париз, Рим или Барселона.

Чуда може да се направат со илјада евра. Еве на пример може да се инвестира во нов мебел. Значи што ја знам, во тросед, фотелја и коклица на попуст. Или чичка нов ЛЦД телевизор со екран од 70 инчи, гратис наочари за 3Д, Андроид, приклучок за сараунд аудио систем, Ви-Фи и ХДМИ кабел. Ако начекате попуст ви даваат и УСБ!

За илјада евра нашата држава, се разбира доколку граѓаните наместо да зјапаат во телефоните пред заспивање се посветат на некои поромантични односи, може да добиете и трето дете во секое семејство. Да, точно илјада евра ќе се исплаќаат за секое трето дете.

Има некои ја критикуваат одлуката на Министерството за труд и социјална политика со која во иднина, наместо месечен паричен надоместок од 8.000 денари во период од десет години, на семејствата што имаат трето дете ќе им се исплаќа еднократна помош од тие неверојатни илјада евра. Од министерството се правдаат дека помошта не се укинува туку само се трансформира, но ете и на очигледната трансформација ѝ се најде замерка. Таму некои генијалци пресметале дека во период од десет години, месечната помош од 8.000 илјади денари насобрана на купче изнесува 15.500 евра. И да, навистина, доколку се спроведат низа на сложени математички операции, ќе се открие целата манипулација околу т.н. трансформација на државната помош за трето дете.

Но, Министерството за труд и социјална политика, едноставно не би било Министерство за труд и социјална политика доколку не поентира со фактот, дека месечниот надоместок за трето дете кој бил донесен за стимулирање на наталитетот, воопшто не го зголемил наталитетот. Или со други зборови, Македонките кога веќе ќе родат две деца, навечер пред спиење засилено скролаат по телефоните, игнорирајќи ги сите воздишки и божем случајни допирања на сопрузите.

Но, сетоа тоа ќе се смени, бидејќи наместо некои бедни 8.000 денари месечно, за трето дете ќе се добиваат илјада евра на купче. Па да видам чие срце нема да издржи да не роди трето, кога на тој начин ќе се обезбедат парите за летување, реновирање, купување на нов мебел или телевизор. Нема потреба од кредит повеќе или од задолжување кај кумот и нема потреба од правење жални фаци за време на семејните ручеци кај тато и мама, убедувајќи ги да ви ги дадат парите заштедени за погреб, со универзалното објаснување дека секако ќе бидат закопани.

Ноември е идеалниот месец за да се започне со „подготовки“ за трето дете и таму некаде најкасно до август, илјадарката ќе легне на сметка. Тие што немаат деца или имаат само едно, „подготовките“ нека ги разберат како инвестирање во иднината.

На овој начин ќе се родат сите неродени трети деца и Македонија ќе стане светски лидер по наталитет, купени нови ЛЦД телевизори со Ви-Фи, закупени седумдневни аранжмани во Грција и претапацирање мебел.

 

(Преземено од Фејсбук)

2
FacebookTwitterGoogle +Pinterest

останати вести

Ја сакам царевата ќерка во поштенско сандаче

Детето со големо срце

Катица го напушти бендот! Ќе свирела клавир?

Како ја победивме Русија

За наставничката која нè научи да мразиме Албанци

Извинете екселенцијо, докажано сме глупави

Боб Рок е виден во Будимпешта

Кампањата да започне со заклетва на „Јунфер брдо“

Децата на педерот мразат хомосексуалци

Клетници и кретени

Најнови

  • Се породи новинарката Александра Велинова (ФОТО)

    December 5, 2019
  • Чкаља живеел во една соба и се венчал со прстен од 50 денари (ФОТО)

    December 5, 2019
  • Кафе-барот „Интермецо“ сам ја отстрани дивопоставената урбана опрема

    December 5, 2019
  • ВАША ОРДИНАЦИЈА: Како да си го решите проблемот со мрсната коса

    December 5, 2019

најчитани

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018
  • 4

    На Маријана и беше роденден вчера, а на Росана денес

    December 14, 2018
  • 5

    Топено сирење со Баш Ајвар и фурнаринки

    October 4, 2018

категории

  • Uncategorized (42)
  • боја на мода (59)
  • вести (2,197)
    • економија (122)
    • политика (212)
    • свет (762)
    • хроника (895)
  • време (23)
  • здравје (253)
    • Елена (32)
    • Искра (4)
    • Оливер (9)
  • колумни (59)
  • миленици (18)
  • спорт (515)
  • сцена (3,578)
    • забава (2,849)
    • занимливости (259)
    • култура (40)
  • улична школа (98)
  • фитнес (14)
  • хороскоп (268)
  • храна (19)

За Улица.МК

 

Улица.мк е портал што третира теми за сите генерации. Улица е местото каде што се случуваат и се дознаваат сите битни работи во нашиот живот. Зачекорете на Улица.мк со нас.

Facebook Twitter Google + Instagram Pinterest Youtube Snapchat

Најчитани текстови

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018

Избор на уредникот

  • Се породи новинарката Александра Велинова (ФОТО)

    December 5, 2019
  • Чкаља живеел во една соба и се венчал со прстен од 50 денари (ФОТО)

    December 5, 2019
  • Кафе-барот „Интермецо“ сам ја отстрани дивопоставената урбана опрема

    December 5, 2019

@2018 - Улица.мк. Сите права се задржани. Web by: Perfect