Сергеј Четковиќ поради својата висина не можел да ги избегне папараците кои го фотографираа во Будва. Тој таму е на одмор со семејството, се жена му Кристина и ќерките Лола и Мила.
Сергеј за разлика од останатите звезди не се кити со брендирани алишта, па пред да тргне кон плажата, од првиот продавач си купи шешир за себе и Кристина. Потоа, нормално, ги почасти ќерките со по еден сладолед, па веселото семејство се упати кон плажата.
Инаку, за да биде подолго време на летовање со семејството црногорскиот пејач откажал поголем дел од настапите.