Хрватската пејачка Северина со сопругот Игор и синот Александар е на одмара во Бодрум, Турција.
Во последно време Северина често добива критики дека е преслаба. Така беше и по последната нејзина објавена фотка во бикини. Дел од нејзините фанови ја искритикуваа за нејзиниот преслаби изглед и нејзините “суви“ нозе кои не им се допаднале.
Но, нормално дека имаше и такви кои ја пофалија дека изгледа феноменално на нејзините 47 години.