На големиот македонски празник 11 Oктомври, се одржа и 11-та трка на 5 км во NIKE лигата во трчање. Како и секогаш , имавме масовна посетеност и насекаде можеше да се забележат среќни, исполнети и позитивни љубители на трчањето.
Кај жените, најбрза беше гостинката од Америка, Џојси Минтел ( 19 мин. 42 сек.), пред домашните натпреварувачки Анеса Хајдари ( 20 мин. 45 сек.) и шампионката од минатата година во NIKE лигата во трчање, Бојана Наумовска ( 21 мин. 16 сек.).
10 -та победа во низа оствари идниот шампион оваа сезона во NIKE лигата, неприкосновениот Јордан Атанасовски ( 17 мин. 10 сек.), пред Павле Јовановски ( 17 мин. 20 сек.) и Бобан Нефовски ( 17 мин. 38 сек.). Сите остварија лични рекорди!
Да истакнеме дека редовен учесник во овие NIKE трки на 5км е фронтменот на музичката група Меморија, нашиот добар пријател и маратонец, Перо Камиказа.
А денес, исто така беше присутен и евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој заради повреда не трчаше, но дојде да ја бодри својата ќерка Лили.
Спортски поздрав – најздрав,
Кокан Ајановски