“Ѕверката“ од „Сексот и градот“ денес изгледа непрепознатливо (ФОТО)

by Тони Зографски

Светски познатиот актер од „Сексот и градот“, Крис Нот, кој се повлече од јавниот живот во 2021 година по бројните обвинувања за сексуален напад, е снимен со своето семејство.

Нот (70) е фотографиран во студиото Универзал со сопругата Тара Вилсон и нивниот син Китс.

На фотографиите до кои дојде „Дејли Мејл“, „ѕверката“ не личи на себе.

Нот не се појави во јавноста по обвинувањата за сексуален напад против него во 2021 година. Прво го обвинија две, па уште две жени, но во ниту еден случај не беше поднесена пријава.

profimedia-0966054011.jpg

Неговите колешки од „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис издадоа соопштение истиот месец кога беа објавени обвинувањата против него.

„Длабоко сме тажни што ги слушнавме обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се јавија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека е многу тешко да се изнесат такви тврдења и ги фалиме за тоа“.

Нот жестоко ги негираше сите обвинувања, иако призна дека имал вонбрачни афери. Притоа тој сугерираше дека зад се стојат пари и дека тоа е најсилниот мотив на жените кои го обвинуваат.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com