Победникот на Евровизија 2019 година, Холанѓанецот Данкан Лоренс ги воодушеви сите со својата песна и настап на шоуто во Тел Авив, Израел.Песната разбуди милион емоции кај фановите и според многумина победата била заслужна.
Сепак 25 годишниот пејач за британскиот весник „Сан“ открива мотивот за оваа песна доаѓа од големата трагедија која ја има преживеано.
https://www.instagram.com/p/Bxn7AynIWLG/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
-Ме инспирираше прераната смрт на личноста која ја сакав, вели Данкан, кој не сакаше да изнесе повеќе детали околу љубовната трагедија, освен да спомене дека станува збор за рана возраст на загуба.
-„Аркада“ е приказна за трагична љубов на мојот живот. Таа претставува надеж за достигнување на нешто што понекогаш и не е возможно, додава Лоренс.
За потсетување тој го освој првото место со 27 бодови повеќе од второпласираната Италија, додека од бодовите од стручното жири прва на табелата беше Македонија и Тамара Тодевска.