Поранешниот министер за финасии , Џевдет Хајредини – ден по разрешувањето на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, кој се спротивстави да прими 35 лица во Инспекторатот според Рамковсниот охридски договор – упати јавно прашање до премиерот на која основа овие лица со години се водат како „вработени“.
-Господине Заев, имам право да очекувам јавно од Вас да добијам одговор на следните прашања:
Според кој член од кој закон, долги години Груевски, сега и Вие, не мал број гласачи на ДУИ да ги плаќате од државниот буџет, што го полнат сиромашните граѓани на Македонија?
Дали Вам ви е познато, кои услови треба да ги исполнат лицата кои го стекнуват правото да се запишат во списокот на “вработени” според Охридскиот Договор и платата да им се дозначува дома?
Дали сте сигурни, г. Заев, дека никој никогаш нема да одговара за оваа крупна политичка корупција?
И на крајот, според Вас, можно ли е сличен случај да постои во било која држава членка на ЕУ или дури и во Африка? – прашува Хајредини на Фејсбук?