Славната супермоделка Хајди Клум божиќните празници одлучи да ги мине на плажа, во танга и топлес.
Познатата убавица уште еднаш покажа и докажа дека знае сериозно да ја зголеми температурата каде и да се појави.
Популарната манекенка и водителка сега воодушеви со видео на кое може да се види како во топлес ужива на некоја топла дестинација.
Според изгледот дефинитивно на русокосата убавица никој не би ѝ дал 50 години.
Хајди божиќните празници одлучила да ги мине во топлите краишта и на радоста на фановите да објави неколку фотки и видеа од плажа.
На видеото може да се види дека атрактивната манекенка се сонча во топлес а на себе има само минијатурна танга.
Во неодамнешната објава на Инстаграм, таа откри како го прославила Божиќ со својот сопруг Том Каулиц на прекрасниот остров Свети Бартоломеј.