Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил информира дека Славица и Мирјана, двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус, минатата недела дарувале конвалесцентна плазма.
“Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста.
Упатувам апел до сите оние лица кои се излечени од КОВИД-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма. За пријавување пополнете го електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4
Да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите заболени од КОВИД-19 побрзо да оздрават“ напиша Филипче.