Руски Јутубер Стас Рифлеј е уапсен откако снимал и емитувал во живо како неговата бремена девојка умира од студ. Тој наводно, ја принудил Валентина Григориева да излезе на балконот облечена само во долна облека, додека надвор било под нулата.
Еден од неговите придружници му платил на Рифлеј (30) 1.000 долари за да ја сними својата девојка како се замрзнува. Валентина (28), која била во рана фаза на бременост, починала од хипотермија во нејзината изнајмена куќа во селото Ивановка близу Москва, пишува The Sun.
Рифлеј, чие вистинско име е Станислав Решетников, ја снимал својата девојка и ја објавил на Јутјуб дури и кога сфатил дека таа е „полу мртва“. Потоа се гледа како ја враќа внатре и се обидува да ја оживее.
“Ваља, жива ли си? Мое зајаче, што е со тебе? Ваља, Ваља, проклетство, изгледаш како да си мртва. Зајче, ајде, кажи ми нешто. Загрижен сум. Проклетство … Не можам да го почувствувам чукањето на срцето”, се слуша тој додека зборува во видеото што се емитувало во живо.
Потоа им рекол на своите гледачи: „Без пулс е… Таа е бледа. Не дише“.
Тој продолжил да го емитува целиот настан на Јутјуб дури и откако повикал брза помош и кога пристигнале болничарите и ја прогласиле девојката за мртва.
Рифлеј заработувал преку плаќања на Интернет. „Донациите“ му биле плаќани од неговите придружници. Во преносот пред овој, тој ја испрскал Валентина со солзавец.
Доколку форензичарите докажат дека неговата девојка починала од хипотермија, му се заканува казна затвор од две години.