Холивудската глумица Скарлет Јохансон ќе се мажи по трет пат, а сега среќникот ќе биде нејзиното момче Колин Џаст.
Познатата актерка пред врската со сценаристот Колин, беше мажена за францускиот новинар Ромен Доријак, со кој има двегодишна ќерка, а потоа и со актерот Рајан Рејнолдс.
-Мислам дека бракот е една романтична и убава идеа и може да биде супер работа. Но, да го поминеш цел живот само со еден човек мислам дека не е природно – изјави Скарлет по вториот развод.