Српскиот фудбалер Предраг Меничанин (26) почина од инфаркт за време на еден од тренинзите, пренесуваат тамошните медиуми.
Фудбалерот на Обилиќ, кој е роден 1993 година, претрпел срцев удар за време на тренингот, а брзата помош не успеала да го врати во живот, иако пристигнала брзо на местото на несреќата.
Инаку, овој тим се натпреварува во пониските лиги во Србија, односно Меѓуопштинската лига Срем-Запад.