Шабан Шаулиќ стана пејач по наредба на неговиот чичко Алија, сметајќи дека во тој бизнис се парите. Елвис Присли е крал… а Шабан е цар! Така од прилика мислел народот во Србија.
Шабан е роден 1951 година во Шабац, детството го поминал во Бјелина. На 18 години се сели во Белград, и започнува една блескава музичка кариера.
Обично кога се зборува за Шабан Шаулиќ прво се мисли на неговиот мега хит „Dođi da ostarimo zajedno“ кој го лансираше во 1978 година. Текстот е на Шабан, а музиката е на Раде Вучковиќ.
“Интересна е приказната околу оваа песна. Кога ја снимив „Dođi da ostarimo zajedno“ добив критики од сите мои колеги, кои велеа: ‘Шабан никогаш не промошил ниедна плоча, но ова е дефинитивно промошување’. Образложувањето беше. ‘Ние песната не ја разбираме’. Сметаа дека со неа отидов во народњачки води, и баш ми замерија. А јас сакав да направам само нешто ново, поинаку, позанимливо. Таа песна ја свиреа педесетина луѓе во студио, тоа беше симфонија. Ја пишував заедно со Раде Вучковиќ и се покажа дека навистина направивме револуција. Експлодираше како атомска бомба и таа плоча беше најпродавана во тогашна Југославија. Повеќе од милион и двеста илјади примероци. Беше врвен хит ,голем чекор напред на музичката сцена – изјави Шабан Шаулиќ во последното свое интервју дадено за новости.рс.
(фото: М. Лабудовиќ)