Бојан Јовановски, односно, Боки 13 кој повеќе од еден месец е во притвор во Шутка барал да го преместат во рок од три дена во псијатриското одделение, во спротивно, ќе изнесел докази за вмешаноста на политичкиот врв на Северна Македонија во рекетирањето – пишува српски Курир,
-Екипата на Итна помош секој ден заради него доаѓа во скопскиот затвор Шутка. Тој нон-стоп се жали дека не му е добро, докторите редовно го прегледуваат, му даваат инекции за смирување… Боки овие денови испрати заканувачка порака на политичкиот врв. Имено, тој инсистира да го преместат на псијатриско одделение и им дал рок од три дена тоа да го сторат, во спротивно ќе ги изнесе сите докази за вмешаноста на Заев и неговите соработници во повеќемилионската корупција – вели извор за курир.рс.