Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило кој е позитивен на коронавирусот, е преместен во привремената болница на саемот во Белград во која се лечат пациенти со полесни симптоми
-Данило вчера вечер бил преместен на саемот, што значи дека неговата состојба се подобрува,- пренесуваат српските медиуми.
По објавувањето на ваквата информација лавина реакции осамнаа по социјалите мрежи каде се вели дека Данило не е или не би требало да биде таму сместен поради безбедноста.
По ваквите реакции се огласи премиерката на Србија Ана Брнабиќ која реакциите ги нарече лицемерни.
Вучиќ, пак, изјавил дека сметал дека е важно да ги извести луѓето дека неговиот 22 годишен син е заразен од Ковид-19.
-Единствено се надевам дека ќе дочекам да одите на Саемот, а потоа дома. Го видов синот и се придржував до сите препораки кои важат,- изјавил српскиот претседател откако објави дека неговиот син е позитивен на коронавирус.
Инаку, на саемот се сместени пациенти со полесни симптоми на коронавирусот, а за нив е обезбедена 24 часовна медицинска грижа, храна и сместување, а секојдневно објектот го чуваат припадници на војската.