Почина билдерот Мирко Петровски. Причината за смртта сè уште не е позната. На социјалните мрежи веќе се простуваат од билдерот.
“Сеуште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирче мој, напиша Панчо од ДНК на својот фејсбук профил.
Мирко Петровски со спорт се занимава од својата најрана возраст, и има освоени повеќе медали на македонско и регионално ниво, а се појавува на неколку професионални натпревари во Европа, Англија и Америка. Последните години активно работеше како фитнес тренер.
Тој е оженет и татко на едно дете.
Во 2013 година, Мирко Петровски е одликуван со државната награда „8-ми Септември“