Последната објава на Вал Килмер, 8 дена пред смртта: Актерот изгледал одлично, но ненадејно ѝ подлегнал на подмолната болест

by Тони Зографски

По тешката повеќегодишна борба со ракот на грлото и влошувањето на неговата здравствена состојба како последица на воспалението на белите дробови, познатиот холивудски заводник Вал Килмер почина на 65 години. Смртта на саканиот актер, познат по улогите во филмовите Top Gun (1986) и Batman Forever (1995), ја потврдило неговото семејство за The New York Times во вторникот вечерта.

Неговата борба со ракот на грлото, која започнала во 2014 година и поради која поминал низ хемотерапија, зрачење и операција пред да биде прогласен за излекуван во 2021, го принудила да се повлече од холивудската светлина на рефлекторите. Иако престанал да се појавува на црвените килими во 2019 година, Килмер останал во контакт со обожавателите, објавувајќи свои уметнички дела, поретко и селфиња и видеа на Инстаграм.

Последното видео на Вал Килмер потсетува на улогата на Бетмен

Килмер се појави во филмот на Џоел Шумахер заедно со Џим Кери, Никол Кидман, Томи Ли Џонс и Крис О’Донел. Се појави само во еден филм за Бетмен, наследувајќи го Мајкл Китон во истата улога.

Килмер го објавил своето последно видео на 25. февруари во кое евоцирал спомени од улогата што му донесе голема популарност – Бетмен.

Имено, во него се појавува со музичарот Дејвид Чо, а видеото првпат го снимил и објавил Чо во 2021 година.

Во видеото актерот изгледа релативно здраво, во добра форма, со избричена брада и малку подолга коса.

Во снимката, Килмер, чии гласни жици биле оштетени по лекувањето на ракот на грлото, накратко прозборува пред да испроба специјално изработена маска на Бетмен, што му ја направил Чо.

Килмер, кој го играше славниот мрачен витез пред 30 години, на шега кажал дека поминало многу време откако последен пат ги преживеал своите славни денови на сметка на Бетмен.

Откако  ќе ја стави маската, Килмер погледнува во камерата, а потоа кадарот се префрла на шарен портрет на Бетмен, кој се претпоставува дека го насликал Чо.

Покрај видеото, Килмер споделил и други уметнички дела инспирирани од Бетмен, како и исечоци во кои Чо зборува за својата љубов кон овој суперхерој.

Последната објава

Неговата најпоследна објава на Инстаграм била на 22. март. Во неа, тој споделил фотографија од една од неговите оригинални слики, која ја потпишал и ја поставил на својот сајт на продажба.

„Го има тој сјај на доцна вечер“, напишал тој за своето уметничко дело.

„Ладни тонови со благ сјај, како кога логорскиот оган полека тлее, а вие сè уште не можете да заспиете“, додал тој.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com