Американката Хилари Зинк заврши на итна операција поради пречесто носење танга, а нејзиниот живот беше загрозен. На видеото со наслов: „Вака ме испратија тангите до Одделот за итни случаи“, Хилари сподели со корисниците на оваа социјална мрежа како изгледала неверојатна низа настани.
Првото нешто што го почувствувала била болка во задникот. Тоа траело со недели, а потоа станало толку лошо што едвај издржала лет во авион, кога се враќала дома од едно патување. Откако не можела да „седи исправено“, и ја споредила болката со „хемороиди“, Хилари побарала совет од својата мајка.
– И реков на мајка ми дека не знаев што не е во ред со мојот задник и дека ме боли неколку недели. Таа ме замоли да погледне, да види. Ѝ покажав, но таа не можеше да забележи ништо чудно. И реков дека не сум паднала и дека не знам зошто чувствувам болка, а мајка ми веднаш ми предложи да одиме во брза помош – рекла младата жена.
Се покажа дека Хилари можела да умре ако не го послушала советот на нејзината мајка.
– Имав итна операција. Имав апсцес. Лекарот ми рече: Фала му на Бога што дојде, затоа што ова можело да те убие – вели таа во своето видео на Тик Ток.
Таа објасни дека хирурзите морале да „исечат дел од кожата“ за да ја исцедат раната, а Хилари признала дека „апсцесот многу мирисал“. После операцијата, медицинската сестра ја покрила Хилари со газа.
„Значи, тангите што ги носев предизвикаа микроскопско сечење што се заразило и можеше да ме убие“, објаснува таа.
Се смета дека микроскопското сечење се развило во пилонидална циста, која NHS ја опишува како: „мала дупка или јазол што се формира во кожата или во пределот на задниот дел од главата“.
Илјадници луѓе го коментираа видеото, а други жени тврдат дека им се случувало истото почесто отколку што мислите.