Ева Лонгорија оваа недела уживаше со семејството во Марбела, Шпанија, а вниманието го привлече со секси црни бикини со атрактивни детали.
48-годишната ѕвезда на „Домаќинки“ носеше црн триаголник со исечен горен дел од бикини, додека си играше со својот 5-годишен син Сантијаго во песокот.
Лонгорија, која е во брак со продуцентот Хозе Бастон, го спои својот горен дел од бикините со огромни златни обетки и капа од брендот текила, Casa del Sol, додека лежеше на лежалка на плажа. Обожавателите оставија многу коментари и емотикони со срце на нејзината објава, нарекувајќи ја нејзината фигура „прекрасна“, „совршена“ и „секси и жешка“.
„Можам само да сонувам да изгледам вака чудесно дури и во моите најдобри денови“, напишала една корисничка на Инстаграм.
Ова не е прв пат семејството да ужива на шпански одмор, а тие беа сликани на плажа и минатиот месец. Тој пат Ева носеше розов провокативен костим за капење, како моментално популарната Барбика.