46-годишнио6 Кинез, Џанг Хонг од непалска страна се искачи на највисокиот врв во светот и со тоа стана првиот слеп човек во Азија и трет во светот што се искачи на Монт Еверест.
„Без разлика дали сте инвалид или не, сте го изгубиле видот или немате нозе или раце, не е важно сè додека имате силен ум, секогаш можете да го завршите она што другите луѓе мислат дека можете“ изјави Џанг за Ројтерс.
Тој го заврши 8.849 метри високиот хималајски подвиг на 24 мај заедно со тројца водичи и во четвртокот се врати во базниот камп.
Џанг го загубил видот на 21 година поради глауком.
За подвигот добил инспирација од Ерик Вајхенмајер, слеп американски алпинист, кој го освои Еверест во 2001 година, па Кинезот почнал да тренира под водство на неговиот пријател, планинскиот водич Чјанг Ѕи.
Непал во април повторно го отвори Монт Еверест за странци откако минатата година беше затворен поради пандемијата.
– Многу се плашев затоа што не можев да видам каде одам и не можев да си го пронајдам тежиштето, па понекогаш паѓав. Но, продолжив да размислувам бидејќи иако беше тешко, морав да се соочам со тие тешкотии, ова е една компонента од искачувањето, постојат тешкотии и опасности, но тоа е и смислата на искачувањето – истакна Хонг.