Американската кантри пејачка Кајли Реј Харис загина во сообраќајна несреќа која се случила утрово кога три возила се судриле во Ново Мексико. Пејачката тргнала кон градот Таос каде требала да учествува на еден фестивал, а нејзината публика и познаници беа особено растажени поради фактот што непосредно пред нејзината смрт, таа објавила на Инстаграм сторија на која плаче од среќа и замор.
„Сега сум на пат за Таос, каде ќе настапам на музички фестивал. Го сакам овој фестивал, а за оние кои не знаат, моите баба и дедо живееја тука. Мојот вујко сеуште живее тука, но буквално сите мои роднини кои повеќе не се живи, вклучувајќи го и мојот татко, го загубија животот на овие патишта. Сега сум уморна и тажна затоа што возам 12 часа. Но, последните неколку часа возам низ планини и се потсетувам на моментите кога бев девојче и кога се возев на задното седиште во автомобилот на татко ми, каде ми беше најубаво“, напишала Кајли.
Инаку, Кајли Реј Харис зад себе остави шестгодишна ќерка, а нејзиното семејство побара од новинарите и од јавноста да ја почитуваат нивната тага и приватност.