Доктор Санџеј Гупта, кој редовно пишува за Си-Ен-Ен ги наведува петте најчести места кај што можете да закачите коронавирус, пренесува Нова.
Повеќето од нив и не се изненадување, но имаат друга тежина кога нив ќе ги посочи експерт. Местата кај што има многу луѓе и местата кај што сте принудени да ја извадите маската, на пример, за да јадете во ресторан се меѓу потенцијалните локации.
Верски објекти
И покрај фактот дека многу верски објекти во Македонија не претрпеа ограничувања од надлежните органи и беа отворени за најголемите верски празници, треба да се внимаваме при нивна посета, бидејќи поради големиот проток на луѓе, вирусот лесно се пренесува на овие места.
Хотели
Хотелите се ризични места за ширење на коронавирусот бидејќи има голем проток на луѓе. Според д-р Гупта останувањето дома е најдобриот начин да се заштитите себеси и другите од ковид-19.
Клубови
„Мораме навистина сериозно да се однесуваме постојано со носење маски и да избегнуваме собири во клубови“.
Случаи со заразување во клубови имаше во Македонија, а и во регионот. Земји како Црна Гора и Грција мораа да ги забранат или да воведат рестрикции на журките кои се одвиваа на острови само заради зголемените корона-бројки.
Кафулиња
„Во градовите низ целиот свет, појавата на коронавирус е поврзана со ресторани, кафулиња и спортски сали. Сега, новиот модел кој користи податоци за мобилни телефони за да ги мапира движењата на луѓето, сугерира дека овие места би можеле да бидат одговорни за повеќето инфекции во американските градови“.
Вака стои во истражување од тим научници кои го користеле моделот за да симулираат различни сценарија и открија дека рестораните кои работеле со полн капацитет довеле до најголемо зголемување на инфекциите. По нив, на списокот се спортските сали, кафулињата, хотелите и мотелите.
Ресторани
Вообичаен начин на кој може да се заразите со корона е да останете во затворени простории со странци на кои им се отстранети маските. Се разбира, треба да ја тргнете маската за да јадете. Затоа рестораните се толку проблематични.