Пандемијата за вакцинираните заврши, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и FFP2 маски за ресторани, продавници, јавен превоз, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.
Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30% од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.
– Токму поради невакцинираните, се уште се потребни минимум мерки. Претпочитам се да е отворено за 70% од населението, отколку да затворам се – објасни Курц.
Тој, исто така, ја критикуваше Партијата на слободата на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.
– Не сум среќен поради тоа, бидејќи во најлош случај, се работи за живот и смрт. Па, би сакал посериозен пристап од таа партија – нагласи тој.