Министерството за здравство соопшти дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.
– Зибери е разрешен заради пласирање неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со корона вирусот, наведуваат во соопштение од Министерството за здравство.
Министерството информира дека за нов вд директор на Центарот за јавно здравје Скопје е назначен д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот.
Инаку, Зибери претходно се пофали дека помогнал да се отворат границите, за иселениците да гласаат за Албанец премиер со што предизвика бурни реакции во јавноста. Зибери крајно непрофесионално, преку својот профил на Фејсбук порача дека тој и ДУИ помогнале за да се отворат границите без да има тестови и 14-дневна изолација, за Албанците од странство да се вратат во државава и да гласаат за првиот премиер Албанец.
Министерот Филипче ова го нараче „предизборна евтина реторика“.