Холанѓанката Барбра Гемен споделила со светот несекојдневна приказна која служи како предупредување за секој родител за интернетот и опасностите кои демнат на мрежите.
„Мојот син почна да хакира на осум години. Ден и ноќ минуваше на компјутер“, објаснила загрижената мајка.
На нивната домашна адреса почнале да пристигнуваат мали работи или храна (која ја нарачувал без да плати), а работите со текот на времето добиле застрашувачки пресврт.
Барбра наведува дека момчето внимателно ја криело комуникацијата на компјутерот, како и дека верува оти хакерите „переле пари“ преку него, пренесува Њујорк пост.
А потоа, во една прилика, на нивната адреса пристигнал пакет, заради кој осумгодишното момче прилично се возбудило.
„Успеал да купи автоматска пушка калашников и муниција! Мислам дека му требаше еден месец да го изведе тоа. За да избегне царина, пакетот патувал преку Полска и Бугарија“, открила Барбра.
Малку е да се каже дека мајката била шокирана, па веднаш ја сменила тактиката. Таа го предала калашниковот на полицијата, но надлежните не покренале кривична постапка
За да го спречи детето неповратно да ја премине границата, мајката почнала да ја следи неговата веб-историја и да учи за сајбер криминалот.
Момчето тогаш признало дека неговите „онлајн пријатели“ побарале од него да им помогне да хакираат одредени компании и да испраќаат украдени информации. Барбра му помогнала на наследникот да го прекине контактот со нив.
„Денес не им е лесно на родителите, бидејќи децата имаат лаптопи и телефони. Навистина е тешко да се запрат хакерите, а најмладите често не знаат што е легално, а што нелегално“, вели г-ѓа Гемен, која денес работи како советник за компјутерски криминал во холандската полиција.
Имплементира неколку програми кои им помагаат на родителите да препознаат дали нивните деца завршуваат на таканаречениот Dark Web.