Од новинар дознал која му е мајката: 37 години актерот верувал дека погрешна личност го родила!

by Тони Зографски

Џек Николсон е еден од најдобрите актери на сите времиња. „Лет над кукавичкото гнездо“, „Бетмен“, „Сјаењето“, „Не можеше да биде подобро“, „Замина“ се само некои од филмските продукции на кои тој им го даде својот уникатен печат.

Во филмовите, тој играше импресивни ликови со интересни биографии, а богами и неговата приказна е толку необична.

Имено, речиси четири децении од својот живот, Џек Николсон верувал дека погрешната личност е неговата мајка.Актерот верувал дека неговата мајка Џун му е сестра, а неговата баба Етел Меј всушност му е мајка. Звучи како шпанска серија? Да, звучи така, но не еЗа што се работи?Џун забременила во 1936 година со нејзиното момче Дон, кој во тоа време бил во брак со друга жена. Етел Меј му се заканила на Дон дека ќе го пријави во полиција бидејќи Џун била малолетна и му наредила да се држи подалеку од нејзината ќерка.Џек Николсон е роден во 1937 година во Њу Џерси.Џун имала само 18 години кога го родила Џек, и за да го избегне срамот што вонбрачно дете би го нанело на целото семејство, Етел Меј го одгледала Џек како свој син, преправајќи се дека Џун му е постара сестра.

Никој никогаш не му го објаснил на малиот Џек неговото потекло и тој пораснал не познавајќи го својот татко. Неговиот чичко Шорти, кој бил во брак со неговата тетка Лорејн, бил вистинска татковска фигура за него.Џун се иселила кога Џек имал четири години и избегала во Мајами за да стане танчерка на Ерл Керол.Кога Џек имал 17 години, сакал да оди во Лос Анџелес и да ѝ се придружи на сестра си, која се преселила таму за да се обиде да успее во шоу-бизнисот.

– Бидејќи мојата единствена роднина на светот беше Џун, која беше тука, дојдов кај неа – изјави тој за Ролинг Стоун во 1986 година.Џек се вработил како канцелариски работник во одделот за анимирани цртани филмови во студиото „МГМ“. Неговиот шарм го навел да биде откриен од еден продуцент, кој му препорачал да се запише на часови по глума. И така почнал да ја пишува историја на екранот.Како ја откри шокантната вистина?Сепак, кога „Кинескиот кварт“ требаше да се појави во кината во 1974 година, списанието „Тајм“ го објави профилот на Џек Николсон, 37-годишникот кој сними 15 филмови во 1970-тите и освои Оскар за улогата во „Лет над кукавичкото гнездо“.„Ѕвездата со убиствена насмевка“ пишуваше на насловната страница.

Пред објавувањето на списанието, Џек добил повик од новинарите на списанието, кои го контактирале за да разјаснат некои факти од неговата приказна.Му кажале дека неговиот татко е жив и живее во Оушн Гроув, дека неговата „мајка“ Етел Меј всушност му е баба, а дека неговата „сестра“ Џун всушност му е вистинска мајка.

Потценување е да се каже дека бил шокиран од веста што ја слушнал. Тој го замолил „Тајм“ да не ги објавува овие факти во статијата, а потоа се јавил кај својот чичко.– Шорти, ова е најсра*ето нешто што сум го слушнал – напишано е во биографијата „Животот на Џек“ од Патрик Мекгилијан.– Еден човек ми се јавува на телефон и ми вели дека татко ми е сè уште жив и дека Етел Меј всушност не ми била мајка, туку Џун – продолжува тој.

Шорти првично го негирал тоа, но на крајот попуштил и ѝ му  го дал  телефонот на Лорејн, која потврдила сè. Сепак, таа не можела да му каже дали лицето за кое станува збор, кое живее во Џерси, Дон Фурчило-Роуз, е неговиот вистински татко.Тој беше уште повеќе вознемирен што со „Кинескиот кварт“ почна да заработува на кино благајните, а филмот вклучува споредна приказна за инцест, а има и дел во филмот каде што ликот што го игра познатата холивудска актерка Феј Данавеј признава дека нејзината сестра е, всушност, нејзина ќерка. Бизарно е што не може да биде побизарно.

За жал, и Етел и Џун починале додека Џек ја открил вистината, па затоа не можел да разговара со нив и да им каже што дознал.Актерот признава дека откритието било „драматично“ за него, но дека не е трауматизиран од тоа.– Бев многу импресиониран од нивната способност да чуваат тајна, ако ништо друго – подоцна признал Николсон за списанието „Ролинг Стоун“.

– Тоа многу ми помогна.Џек Николсон оттогаш на шега ја нарекува Џун своја „сестра мајка“ пред печатот, но вистината е дека воопшто не зборува  многу за тоа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com