Русија планира од септември да почне да произведува вакцина против корона вирусот откако ќе завршат клиничките испитувањеа во јули и лекот да добие дозвола во август.
“Вакцината во моментот клинички се испитува на доброволци – изјави заменичката на рускиот премиер, Татјана Голикова.
Рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во мај соопшти дека развива вакцина против Ковид-19.
“Вакцината нема нуспојави. Научниците од Институтот вакцината прво ја испитаа на животни, а потоа на себе – истакна директорот на Институтот, Александар Гинзбург.
Вакцината сега се испитува на 50 војници доброволци во Воено истражувачки центар во московскиот регион. Тестирањето треба да биде завршено до крајот на јули.
“На пронаоѓање на лек за Ковид-19 во Русија независно работат седум истражувачки институти, а три проекти се ветувачки – посочи Голикова.
Праксата во светот покажува дека е потребна една година за да се развие вакцина и истата да се најде во продажба.