Англискиот репрезентативец најпрво се забавуваше со проститутки, а потоа неколку пати ја прекрши изолацијата поради коронавирусот, а сега ја забременил и најдобрата пријателка на неговата сопруга.
Ени Килнер, жената со која Вокер девет години е во врска и има три сина, одлучила да го напушти контроверзниот фудбалер и за сите негови скандали да ја информира јавноста.
Таа знаела дека нејзиниот партнер е склон на прељуби, но секогаш наоѓала начин да му прости. Меѓутоа кога дознала зa неговата долгогодишна афера со манекенката Лаурин Гудман целосно „полудела“. Лаурин била нејзината најдобра другарка, а со години била во тајна врска со Кајл Вокер. Проблемите настанале кога манекенката му јавила на Вокер дека чека бебе и дека тој е таткото.
– Тоа што ми го направи на мене и нашите деца, не можам да го опишам со зборови. Во март минатата година беше неверен и спише со некоја ѕвезда од реалити шоу, па потоа ме молеше да се врати назад но во јули повторно почна по старо. Не поминаа три месеци, а веќе некоја е бремена додека нашето најмало дете има само една година. Кој нормален човек прави такви работи – вели Ени за „Сан“.
Англискиот фудбалер морал се да и признае да Ени, а многу брзо потоа морал да најде и нов стан. Ени воопшто не сакала да му ја прости оваа прељуба. Лаурин исто така признала дека на својата најдобра другарка и „работела“ зад грб и дека е тажна поради тоа.