Тамара Тодевска, која на 8. мај организира хуманитарен концерт за погодените од трагедијата во Кочани, на својот Фејсбук профил информираше дека за концертот и барале и гратис карти
“Имаме уште десетина денови до хуманитарниот концерт на 8. мај и сакам да споделам неколку искрени работи со моите фанови, колеги, новинари, со сите кои ја почитуваат мојата работа низ годините…
Најпрво, големо благодарам до сите оние кои купија карти и на тој начин донираа за Кочани.
Тука се голем број на искрени мои фанови, најблиски (ама буквално најблиски) соработници, пријатели, колеги, другари и другарки и многу други… Вие сте луѓето и тимот за цел живот. ![]()
А, вечерва и јас си купив карта за својот концерт и уште еднаш донирав за погодените семејства во Кочани…
Но, има и такви кои и за ваков концерт бараат од фамозните гратиси. Сепак, јас сум убедена дека нѐ има многу повеќе добри луѓе и општествено одговорни компании/бизниси, кои во вистинска смисла на зборот се хумани и солидарни. Затоа го објавувам овој предизвик и повик:
Купете си карта преку MK Tickets (линк на Story и во Bio);
Објавете на Story скриншот од картата со #ДонирајЗаКочани (со покриен баркод);
Покажете дека сте поинакви и во вистинска смисла на зборот – хумани и солидарни.
Јас сум среќна и задоволна што продажбата на карти се одвива баш добро (а со тоа ќе се соберат повеќе пари за погодените од трагедијата), што јас и мојот бенд и мојот тим секојдневно се подготвуваме и ќе бидете дел од навистина уникатен концерт.
Ви благодарам на сите за големата поддршка и енергија која ни ја давате.
Се гледаме на 8. мај, во МКЦ, од 20:00.
“, напиша Тамара на Фејсбук.
