Џенифер Лоренс ги воодушеви обожавателите со кадар во кој е целосно гола во нејзиниот нов филм „No Hard Feelings“, кој штотуку беше објавен на Нетфликс во САД.
Оскаровката глуми во оваа комедија за возрасни, а во една многу експлицитна сцена во бурната романтична драма, таа може да се види целосно гола – од глава до пети.
Обожавателите на социјалните мрежи се во целосен шок од сцената на која се гледа како актерката се бори со група луѓе на плажа откако ѝ ја украле целата облека.
Сцената се одвива на средината на филмот, прикажувајќи го ликот Меди – која ја игра Џенифер – како целосно гола се бања со 19-годишен студент кој се обидува да го заведе.
Нивниот романтичен состанок води до соблекување на плажата, а кога ќе им ја украдат облеката, потполно голата Меди трча по песокот во обид да ја врати истата.
Филмот беше скромен хит на бокс офисот ова лето, заработувајќи 87 милиони долари наспроти буџет од 45 милиони долари.
Сепак, голата сцена не беше тајна – за тоа јавно проговори и самата Џенифер за време на промоцијата на филмот
„Сите во мојот живот и мојот тим ја прават вистинската работа и велат ‘Дали си сигурна?’, ‘Дали си сигурна?’, ‘Дали си сигурна?’“, изјави таа за Variety оваа година.
„Не ни размислував на тоа. Ми беше забавно“, рече таа.