Овен
Љубов – Јуни не е едноставен за овој знак кога станува збор за љубовта. Сепак ова е многу поедноставен месец од претходниот. Имате шанси да го одржите партнерството. Постојат шанси и да стекнете ново, но бидете внимателни како ќе се поставите во односот со него/неа. Јупитер од Лав ја поттикнува вашата потреба за еротски и емотивни контакти. Од друга страна вашиот владетел Марс ќе бара постабилна варијанта за љубовна приказна.
Работа – Ова е месец кој е подобро поставен во полето на работата. Во претходниот некои работи беа постабилни. Вашиот владетел се наоѓа во куќата на парите каде што ќе се формира продуктивен тригон со Плутон во знак на Јарец. Овој момент вложувате многу поголем напор отколку претходниот месец, а сепак немате толку големи резултати.
Здравје – Овој месец сте под притисок. Добар период за лекарски консултации.
Бик
Љубов – Планетите се наоѓаат во вашиот знак, такашто ќе имате активен љубовен живот. Многу Бикови ќе поттикнат страсти кај личност која не е ваш партнер. Ќе имате повисока иницијатива за освојување на нечие срце без оглед дали сте го запознале сега или сте подолго време во врска/брак.
Работа – Марс ќе ви даде волја за преземање на конкретна акција на професионален план. Ќе ви биде добар соработник и тренер кој ќе ве бодри да успеете во вашите планови и проекти во текот на овој месец. Нема да се плашите од конкуренција и ќе имате силни амбиции да одите напред. Во овој месец можете да ги поправите вашите желби, а притоа да не го погрешите изборот.
Здравје – Во текот на јуни сте полни со енергија, но не заборавајте дека можете да го исцрпите телото.
Близнаци
Љубов – Првите десет дена Близнаците со својот партнерот ќе работи доста на смислата на врската. Многу од вас ќе се занимаваат со долгорочните цели како што е стабилизирање на куќата, купување на станот, реновирање на постоечкиот. Паровите ќе бидат активни во текот на овој период. Од 11 јуни планетата на љубовта ќе ви донесе динамичност во најтешките моменти.
Работа – Во првата половина на јуни имате значајна поддршка од Сонцето и Меркур (вашиот владетел) кои ќе ви дадат поддршка и среќа со овој план. Многу од вас во текот на овој период ќе се вработат, а некои ќе поттикнат статус на повисоко ниво. Новостите и промените се актуелни. Поголемиот дел од Близнаците ќе се впуштат во проект кој не е за нив.
Здравје – Во текот на овој месец ќе имате изненадувачки здравствени проблеми.
Рак
Љубов – Немојте да помислите дека го правите вистинскиот избор во текот на овој месец. Владетелот на вашето поле на партнерство и брак Сатурн се враќа назад донесувајќи препреки на овој план, но и позиција добро да размислите што треба да направите. Некои од вас сепак ќе одлучат да се впуштат во емотивна афера.
Работа – Ова е добар месец за професионалниот живот. Имате поддршка од планетата за планови кои ги имате како и за моменталните проекти на кои работите. Можеби работата е напорна и предизвикува внимание, можеби ќе се чувствувате под притисок од шефот – сите овие опции стојат поединечно или скапо, но овој труд се исплаќа.
Здравје – Одлична здравствена состојба.
Лав
Љубов – Драгите Лавови мора да бидат потсетени дека во првата половина на годината вашиот љубовен живот ќе биде одличен. Ова го потврдува позицијата на Сатурн, владетел на вашето поле на партнерство и брак кој се наоѓа во куќата на емоцијата, страстите, а Јупитер владее во полето на вашиот знак. Во првата половина на јуни ќе бидете емотивни исполнети.
Работа – Куќата на кариерата и статусот имаат поддршка од Марс кој се наоѓа во овој сектор. Ќе стигнете до вашите цели, со желба да го стабилизирате она што подолго време го планирате. Од 11 јуни ќе бидете повеќе популарни, и ќе добиете поддршка од важни луѓе. Преземете акција преку добро смислени цели.
Здравје – Со Јупитер во вашиот знак не може да биде лошо.
Девица
Љубов – Во првата половина на јуни ќе бидете позбунети кога станува збор за љубовта. Присутна е неизвесноста. Неразбирањето во врската, обидот да се преведат зборовите на партнерот, како да зборувате странски јазик поголемиот дел од времето. Планетата на страстите совршено се вклопуваат во целата ситуација. Другиот дел на месецот има многу полесна енергија на овој план.
Работа – Сега се има смисла. Ви претстојат напредување и динамична работа. Ова ќе ви одговара. Финансиите се добро поставени во првата половина на месецот, но се советува внимание кога станува збор за расходите.
Здравје – Обидете се да живеете без нервоза и стрес.
Вага
Љубов – Помрачувањето на 5 јуни се случува преку вашиот знак и со самото тоа донесува важни животни одлуки во полето на љубовта и децата. Во овој правец ќе се движите и ќе покажете огромна зрелост. Во поголемиот дел на мај Меркур ќе поминува низ лош период. Некои од вас и ќе се венчаат во текот на овој период. Од 11 јуни Венера ќе ви донесе емотивен стимуланс, посебно ако сте осамени и ако подолго време барате вистински партнер.
Работа – Тимската работа и соработка е важна во текот на овој период. Многу од вас ќе учествуваат во групи или организации кои им се доста интересни. Ќе знаете што сакате и нема да отстапите од вашите цели. Внимавајте на стресот на овој план бидејќи некои ситуации не зависат директно од вас.
Здравје – Под стрес ќе бидете цел месец, а целото тело ви бара одмор.
Шкорпија
Љубов – Страста и еротиката во текот на првите десет дена бидејќи Венера ве поддржува поминувајќи низ полето на љубовта. Инаку, во полето на партнерството и бракот е доста важен сектор за Шкорпиите овој месец, а тоа покажува тоа што Марс се наоѓа во ова поле. Динамиката, страста и акциите се дел од вашата љубовна приказна.
Работа – На ова поле работите се одвиваат динамично, но некои работи не се важни како што беа претходниот месец. Јупитер е сместен во куќата на поддршката, статусите и кариерите и вашето движење нанапред. Ќе имате среќни околности и добра поддршка, иако овој месец може да се вброи во успешните периоди на овој план. Поддршка добивате и од Венера.
Здравје – Јуни е одличен за контрола на вашето здравје.
Стрелец
Љубов – Владетелот на вашето поле на љубовта во првата половина на месецот ќе биде сместен во полето на страста, љубовта па на ова поле ќе биде живо. Потреба за решавање на проблемоите со партнерот. Некои Стрелци ќе бидат насочени кон децата. Во суштина, првата половина на јуни ќе биде обележана со нервоза.
Работа – На овој план ќе бидете преоптеретени. Голем дел од вас ќе се чувстуваат уморни. Динамиката и акцијата не ја погодуваат вашата потреба да се насочите во друг правец. Внимавајте на конфликти со вашите коелги и соработници. Обидете се да ја спуштите топката.
Здравје – Уморни сте и потребен ви е одмор.
Јарец
Љубов – Планетата на страста и еротиката Марс, ќе биде поставена во куќата на љубовта. Ова поле е воедно и поле на сексот, па така овој период ќе биде одличен за силни романси и еротски контакти. Настапува луд период за вас. Ќе флертувате, ќе имате огромна енергија и ќе менувате партнери се додека не наиедете на еден Бик.
Работа – Вашите способности конечно доаѓаат до израз. Ќе бидете активни, со вашата енергија ќе успеете да ги заразите и другите околу вас. Ќе „фрлите“ магија врз колегите, надредените и подредените. Оние Јарци кои се поврзани со педагошка работа и работа со децата ќе бидат доста успешни овој период.
Здравје – Бидете внимателни – немирни сте и напнати.
Водолија
Љубов – Да ве потсетиме дека Јупитер, планетата на среќата, радоста и добрите околности ќе бидат присутни се до 12 јуни во вашето поле на партнерство, брак и со тоа ќе придонесете за создавање на добра позадина и поддршка во партнерските односи. Се е на ваша страна. Среќата, радоста и љубовта ќе расцутат токму во овој период. Некои очекуваат нова љубов, други ќе ја поттикнат веќе постоечката на повисоко ниво.
Работа – Имате поддршка од Сатурн, Уран и Јупитер кои пријателски гледаат на вас. Ова е месец на реогранизација. Се наоѓате на одличен пат. Марс ќе биде упорен да ве доведе до вашите цели во полето на кариерата и статусот. Можни се конфликти со надредените.
Здравје – Марс и Јупитер ќе влијаат врз вашиот нервен систем во текот на овој период.
Риби
Љубов – Во првиот дел од месецот вашите односи ќе бидат базирани врз основа на комуникација. Ќе вложите доста напор во новата врска, а некои ќе раскинат со партнерот. Во првата половина на јуни финансиите и работата ќе ви бидат многу поважни отколку љубовта. Втората половина на месецот донесува средување на семејните односи.
Работа – Јупитер ќе ви даде можност да го средите полето на професионалниот живот. Пред вас е динамичен месец во кој ќе имате многу обврски. Многу проекти ви ја наметнуваат улогата на лидер, а вие не сте во такво расположение. Планови, договори, контакти ве очекуваат во претстојниот период.
Здравје – Можни се инфекции.