Славната 62-годишна холивудска глумица Мелани Грифит ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со фотографија во долна облека.
Имено, за потребите на промоцијата на линијата за долна облека “Kit Undergarments“ Мелани гордо позираше во гаќички и градник, а на нозете носеше штикли.
Поранешната сопруга на Антониа Бандерас која е во седмата деценија од животот доби илјадници комплименти за одличната фигура.
Инаку, Мелани од порано откри дека совршената линија е резултат на интензивното вежбање како пилатес така и џогирање, како и на посебниот режим на исхрана.
https://www.instagram.com/p/B4OG2t1B7l-/?utm_source=ig_web_button_share_sheet