Македонската пејачка Маја Оџаклиевска која живее во Белград во една тамошна емисија ја отвори душата и открила дека имала вонматерична бременост, поради која завршила во кома.
-Јас страшно се плашам од анестезија. Кога бев млада имав операција на слепото црево, односно вонматерична бременост и бев во кома. Едвај се освестив, и од тогаш многу се плашам – откри Маја која е мајка на Теа и Андреа и живее со внукот Лука која има аутизам и на кој целосно му се посветила.
– Внук ми има 11 години, а уште не зборува. Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вакцината. Ѝ кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари. Очигледно неговата душа е измачена. Секое дете со аутизам е свет за себе, секое има некој свој проблем. Се бориме.