Новоизгласаниот Кривичен законик пред Нова Година во македонското Собрание ќе му даде можност за помала казна на Драган Павловиќ – Латас, обвинет од СЈО за случајот „Тотал“ па дури и целосно ослободување поради застареност на делото.
Ова денеска го посочија граѓанските организации од проектот „За правда“ кои толкувајќи ги измените на прописите дошле до ваков заклучок.
За делото даночно затајување досега беше предвидена минимална казна од 4 години затвор, но со нов член сега се предвидува помала казна од 6 месеци до 3 години затвор. Осве тоа, доколку станува збор за дело до 3 години затвор истото застарува, бидејќи се работи за период од 2013-та до 2015-та, односно изминуваат пет години.