На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1.
Оздравени се 26 пациенти во: Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 184 теста се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47. На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина се 7 пациенти и уште 1 пациент е со потешка клиничка слика.