Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан откри за време на последната епизода од шестата сезона на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ кое познато име би можело да ја убеди да се откаже од целибатот.
Кардашијан му се доверила на славниот фризер Крис Еплтон, кој е познат по соработката со нејзината сестра Ким, како и на актерките Џенифер Лопез и Кришел Стаус, пишува списанието Page Six.
„Тој е толку убав!“, „Кој не би го посакал?“, „Има навистина добра енергија“, „Не знам дали би му се допаднала, но дефинитивно би го сакала“, рекла реалити ѕвездата.

Нејзината оптимистичка изјава дојде при крајот на епизодата, откако таа и Еплтон на шега коментираа за апликациите за состаноци за време на прославата на 44-тиот роденден на Ким.
„Треба да ги споиме сите апликации за запознавање во една и да ја наречеме „Што остана“, бидејќи да бидеме реални – зае*ани сме“, се пошегувал Еплтон, додавајќи дека тој и Клои ќе бидат заедно. “Тоа не е толку лошо. Мене ми одговара затоа што ми треба некој за друштво, а ти оди каде ти треба, а јас ќе бидам дома”, додала ријалити ѕвездата и признала дека немала секс со години.
Инаку, ѕвездата од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ е сингл од 2021 година, откако ја прекина турбулентната врска со Тристан Томпсон. Кардашијан има две деца со НБА играчт, а планира да остане во „целибат“ додека не го најде вистинскиот маж.
