Повеќето жени обожуваат да носат високи потпетици од разни причини – самодоверба, женственост, заводливост, издолжување на фигура…, но тоа не секогаш е пријатно чувство. Затоа добро е да се знае и по некој трик што ќе го олесни движењето во потпетици. А овој во продолжение е еден од нив.
Ако се соочувате со грчеви во прстите и болно чекорење, тогаш можеби ова ќе ви помогне:
-потребно ви е самолеплива лента или фластер во боја на кожа, или евентуално транспарентен.
-третиот и четвртиот ножен прст (почнувајќи од палецот), обвиткајте ги со лентата.
-фластерот ќе ги фиксира прстите и ќе го спречи нивното раздвојување, со што ќе го спречи и појавувањето на грчеви и незгодна положба. Се намалува притисокот на предниот дел од стапалото, кој при носењето потпетици, станува болен.