Данскиот професор по економија на здравството, Јакоб Кјелберг, проценува дека стапката на смртност поврзана со коронавирусот не е особено висока.
„Оние што починале, не починале само од коронавирусот. Тие починале заедно со коронавирусот“, рече Кјелберг за данскиот весник БТ, коментирајќи го вкупниот број на смртни случаи во истиот период во последните години.
Според податоците добиени од БТ од Заводот за статистика на Данска, 4.794 луѓе починале во земјата од 12 март до 14 април 2020 година, вклучувајќи ги сите можни причини за смрт, вклучително и коронавирусот.
Ова е нешто повеќе отколку во истиот период минатата година кога починале 4.498 лица, но исто така и помалку отколку од 12 март до 14 април 2018 година, кога во Данска починале 5.131 луѓе.
Кјелберг, вработен во данскиот Национален центар за проучување на состојбата на општеството, смета дека екстремно високата насоченост на општеството врз коронавирусот го прави бројот на смртни случаи поврзан со болеста да е подраматичен отколку што всушност изгледа.
„Имаме заборавено дека луѓето умираат постојано. Во Италија, речиси е нормално меѓу 20 000 и 25 000 луѓе да умираат од грип секоја година“, рече Кјелберг.