Летото можеби помина календарски, но сигурно е дека атрактивната британска актерка и модел Елизабет Харли (60) тешко се збогува со жешките сончеви денови, а уште помалку со бикините што обожава да ги носи и рекламира.
Холивудската ѕвезда, која веќе шест месеци ужива во романса со Били Реј Сајрус и сè повеќе време поминува во неговиот дом, повторно ги воодушеви своите обожаватели во еден сончев ден, пишувајќи на Инстаграм: „Среќен вторник“.
Позираше во портокалово бикини и кошула во истата боја и уште еднаш нè потсети зошто е меѓу најсексипилните жени во светот. Заводливата фигура во седмата деценија овој пат е на место и, како и секогаш, обожавателите велат дека „изгледа како тинејџерка“.

Елизабет позираше покрај базенот со насмевка од уво до уво и го покажа речиси секој дел од своето витко тело, па можеме да заклучиме дека љубовта е навистина добра за неа и дека „пеперутките во стомакот“ ја прават да изгледа уште поубава.


