Уапсена е жена во Бразил која се сомничи дека го убила мажот, а пота му го отсекла пенисот и го испржила.
Дајан Кристина Родригез Мачадо (33) полицијата ја уапсила на 7 јуни во бразилски Сао Гонсало во близина на Рио де Женеиро.
Полицајците се повикани во куќата на двојката каде го пронашле безживотното тело на мажот, голо и унакажено.
Идентификуван е само како Андре.
Според полицијата, сопругата му го отсекла пенисот и го испржила на соино масло во тава, јави Дејли Меил.
Го убила по кавга
Се верува дека злосторството се случило околу 4 часот наутро откако се скарале за прекинување на врската.
Полицајците од местото заплениле кујнски нож за кој веруваат дека со него е убиен мажот.
Уапсената жена е обвинета за убиство и сквернавење на лешот.
Според изветајот, двојката била заедно 10 години, а иако се раздвоени повеќе од две години и понатаму повремено се гледале. Имаат осумгодишен син и петгодишна ќерка, а заедно воделе и пицерија. Не е јасно дали децата биле присутни за време на убиството.
Адвокатката на жената Карла Поликарпо рекла дека мажот се заканувал на нејзината клиентка и дека таа го убила во самоодбрана. „Не го прифаќал крајот на врската и рекол дека ако не може да биде со него, нема да биде со никој„, вели адвокатката.
Сестрата на убиениот Адријана Сантос вечи дека жената го убила нејзиниот брат затоа што ја изневерувал.
Роднините откриваат дека тие непрестано се тепале, а Мачадо во една прилика го пријавила сопругот во полиција.