Микробиологот д-р Никола Пановски за весникот Вечер вели дека колку повеќе имаме антитела, толку повеќе сме заштитени од инфекција со коронавирусот. Според него со актуелните вакцини не можеме да зборуваме за 100 отсто заштита, туку заштита од тешки форми на разболување. Тој посочува дека антителата ги користиме за да се види дали веднаш треба да се вакцинираме, дали да се почека 6 месеци или една година, за да не се дава без потреба и пред време вакцина.
–Засега нема меѓународно призната количество на антитела што е потребна за да се заштитиш од вирусот, како што нема ниту универзален тест што ги мери антителата. Јас користам тестови каде референтна вредност треба да биде околу 20 единици, што значи дека има доволна заштита, а кога ќе почнат да паѓаат под 20 , особено под 10 треба да размислуваат за трета доза или за вакцинација – вели д-р Пановски.
Но има случаи иако имаат над 20 антитела се заразуваат со вирусот. Затоа вели д-р Пановски останува и понатаму и вакцинираниот и прележаниот да ги почитува мерките, а не да мислат дека имам антитела и слободно да шетаат насекаде, да се гушкаат со секого.