Професорот Дејан Трајковски во својата најнова анализа предупредува високи бројки на новозаразени, пред се од омикрон.
-Ова значително забрзување на бројот на новозаразени, во комбинација со падот на ефективноста на вакцините против заразување (минатата недела одвај 13,7%) и сопирањето на намалувањето на стапката на позитивни тестови (којашто наскоро ќе започне да расте), сé повеќе ја потврдува претпоставката дека омикрон сојот веќе доминира или наскоро ќе доминира и кај нас,- вели тој.
Тој вели дека не треба да се изненадиме ако видиме 600-700 нови случаи на дневно ниво, денеска.
-До Василица веројатно ќе надминеме 1.000 случаи дневно, но со ширењето на омикрон сојот и падот на леталитетот тоа сепак би требало да резултира со многу мало зголемување на бројот на починати. Дури и на врвот на бранот, провизорно определен за околу 1 февруари, не би требало да има повеќе од 30 починати дневно, а најверојатно многу помалку, можеби ни 20, -смета проф. Трајковски.