Дејвид Гета и Џесика Ледон го добија првото заедничко дете.
На 56-годишниот диџеј и неговата 32-годишна девојка им се роди синче кое го доби името Сајан.
Среќниот пар објави слатка фотографија со новороденчето за да ја сподели веста за неговото раѓање.
„Љубовта е во воздухот. Добредојде Сајан“ – напишаа тие.
Дејвид и Џесика ја открија веста за бременоста во ноември минатата година, кога се појавија заедно на црвениот тепих на „Latin Grammy Awards“.
Дејвид има уште две деца од бракот со Кејти од која официјално се разведе во 2014 година. Неговиот син Тим има 19 години, додека ќерката Енџи има 16 години.