125
На социјалните мрежи се појави видео од дете кое прескокнало преку оградата на тераса на шестиот кат на облакодер во Ангарск и останало беспомошно да виси.
Минувачите сфатиле што се случува, но не можеле да помогнат, пренесува NDN.info.
Поминале секунди, било јасно дека детето нема да може да издржи уште многу, а потоа одеднаш се појави соседот кој ја спречи трагедијата.
Истражниот комитет на Руската Федерација за регионот Иркутск ќе ги утврди сите околности на драматичниот инцидент, како и тоа каде се наоѓаат родителите.
„Раководителот на одделот му нареди на началникот да поднесе извештај што е можно поскоро“, се вели во соопштението.
