206
Модната недела во Лондон ја привлече и Ешли Робертс, која присуствуваше на прослава по ревијата и ја шокираше публиката со својата облека.
За оваа пригода, Ешли избрала карирано боди, со необичен крој, кој вклучува и сако и откриен задник.
Таа комплетираше сè со црни хулахопки, а повеќето беа воодушевени од нејзиниот изглед, иако некои тврдеа дека е премногу смела.

Инаку, Ешли беше во центарот на вниманието во текот на 2000-тите поради популарната група „Пусикет долс“. Иако групата уживаше голема популарност одредено време, во 2010 година се распадна.
Членките се обидоа да ја обноват во 2019 година, но и тоа беше краткотрајно – до 2021 година.


